Второто DCL за Atomic Heart излезе неодамна. Насловено како Trapped in Limbo, проширувањето ги втурнува играчите во лудиот и шаренолик свет на Лимбо, воведува нови гејмплеј механики, бизарни непријатели и впечатливи случки!
Почетокот е на крајот!
Atomic Heart: Trapped in Limbo продолжува онаму каде што основната игра завршува, со што се истражува уште еден алтернативен крај на Annihilation Instinct додатокот.
Областа Лимбо е проширена со нови места, а играчите ќе наидат на нови пречки и ќе откријат дополнителни тајни поврзани со минатото и мистериозната природа на светот. Додатокот ви дозволува да отклучите нови вештини и оружја. Со златните парички ќе можете да пристапите до седум уникатни изгледи кои ќе може да ги користите во основната кампања.
Ние бевме лесно импресионирани од она што го пронајдовме тука, особено паркор елементите и брзото движење од една до друга точка. Но, додатокот е исклучително краток и, на моменти, приказната ни се чинеше како да е ставена на втор план. Како резултат, фановите на основната игра би можеле да бидат дезориентирани од фанатичните движења и од откачениот начин на кој се сервира скромниот наратив.
Во случај да сте како нас, да бевте лесно импресионирани од Лимбо и да сакавте одново да се навратите во малку проширена форма, тогаш додатокот нема да ве остави разочарани. Неодамна, наведовме 3 причини зошто е сега одлично време да се одигра Atomic Heart. Во случај да сеуште не сте ја пробале играта на Mundifish, информирајте се повеќе за неа тука!
Повеќе детали за играта
- Произведува: Mundfish
- Издава: Focus Entertainment, 4Divinity
- Жанр: FPS
- Платформа: Microsoft Windows, конзоли
- Излезе на: 6 февруари 2024