Украина тврди дека руските трупи користат Starlink интернет

во Вести

Руските трупи на фронтот користат сателитски интернет од компанијата на Елон Маск Starlink, тврдат претставници на украинското воено разузнавање.

„Забележавме случаи во кои руските окупатори ги користат овие уреди.“, вели Андриј Јусов од украинското воено разузнавање.

Во првите известувања кои ги направија украинските медиуми Starlink е обвинет дека им помага на руските сили. На снимки направени во близина на рускиот дел од фронтот забележани се карактеристичните четириаголни антени на Starlink.

Сепак, се чини дека објаснувањето е многу поедноставно. Starlink е отклучен на територијата на Украина, со исклучок на териториите кои се окупирани од 2014 година, како Крим и делови од Луханската Област. Во овие зони Starlink не функционира.

Претставниците на Starlink не негираат дека е можно руските војници да ги користат нивните системи, но тврдат дека не им ја продаваат опремата. Системот е локациски заклучен на територијата на Украина и не може да се користи во Русија, но не постои начин да се направи разлика помеѓу тоа кој го користи.

Група руски доброволци се пофали на друштвените мрежи дека ги купила антените за руските сили, пренесе Ars Technica. SpaceX ги демантираше овие вести додавајќи дека уредите не се продаваат во Русија, ниту директно, ниту индиректно. Ова го потврди и Дмитри Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Шпекулациите велат дека антените се купени од Дубаи и потоа се испорачани во Русија и оттаму на фронтот. Засега нема никаква потврда за овие податоци, иако Starlink објасни дека нивните уреди официјално не се продаваат ниту во Дубаи.

Starlink во 2022 година, по руската инвазија, испорача илјадници терминали во Украина. Украинската војска благодарение на ова имаше технолошка предност на фронтот. Супер-брзиот интернет беше користен за комуникација, но и за следење и софтвер кој се користи за управување на првите воени линии. Оригинално Starlink беше активен исклучиво во зоните под украинска контрола. Војската сакаше да гo користи и за операции во териториите кои се под руска контрола. Сега ова е овозможено, ама пристап до Starlink имаат двете страни во овие области.

Други потенцијални објаснувања за тоа како Starlink би можел да биде користен од руската војска е дека успеале со лажни сигнали да ги измамат системите за геолоцирање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk