3 причини зошто е сега одлично време да ја проверите Atomic Heart

Atomic Heart е една од подобрите игри кои излегоа годинава и успеа да го привлече вниманието на гејмерите со уникатниот утописки свет, солидните акциони елементи и невообичаената приказна. Тоа се три работи кои ја красат играта и поради кои би требало, доколку сеуште не сте, да го проверите насловот на студиото Mundfish. Но, доколку барате дополнителни причини зошто сега е одлично време да ја проверите играта, подготвивме уште три други.

Значително подобрена игра за двојно пониска цена

На почетокот, Atomic Heart страдаше од проблематични багови, несоодветна избалансираност на гејмплеј елементите и, на моменти, лоша оптимизација на графичкиот енџин. Тоа повеќе не е случајот и, блagoдарение на неуморно исфрлање бројни надополнувања, играта е доведена во одлична игрива состојба, нешто што е очигледно и од високиот број на позитивни рецензии, 84% на Steam.

Како резултат, добивате одлична алтернатива на Bioshock серијалот. Фрлени во свет каде технологијата има заземено деструктивен замав, ваша задача ќе биде да се пробиете низ бројни визуелно импресивни места, да се соочите со најразлични непријатели и да откриете кој стои зад глобалниот заговор. Сево ова е испреплетено во одличен дизајн на мапите, солидна глума, уникатни механики, како користењето на вашата ракавица, и бројни моменти на, или решавање загатки, или динамична и секогаш-непредвидлива акција.

Како шлаг на тортата, играта моментно ужива привлечен попуст од 50% на поголемиот дел од продавниците, како Steam, Humble, или Green Man Gaming, поставувајќи ја играта како попристапна опција за оние кои сметаа дека 60 евра е премногу висока цена.

Сезонска пропусница со дополнителни содржини, исто така на попуст

Atomic Heart Atomic Pass, која е дел од златното и премиум изданието, ви дозволува проширување на авантурата од основната игра. Преку четири содржителни додатоци, ќе можете да навлезете во нови области и лаборатории, како и да тестирате целосно нови оружја врз нови непријатели, босови и слично. Доколку од некоја причина ви здосади изгледот на вашата ракавица, ќе добиете и нов скин за неа.

Помали додатоци кои се достапни за основната игра:

Првото од четирите предвидени поголеми додатоци одамна е излезено. Annihilation Instinct присобра 75% позитивни рецензии на Steam и ги има импресионирано поголемиот дел од гејмерите со новата приказна која ве поставува во авантура во комплексот Mendeleev и бројните опкружувачки мочуришта.

Покрај приказната во која конечно ќе дознаете малку повеќе за NORA, ќе се соочите и со нова форма на машини, нов предизвикувачки бос, нова моќ за вашата ракавица, како и две целосно нови оружја. За пофалба е новата моќ на ракавицата која ви дозволува да манипулирате со времето, со што се отвораат нови можности за спротивставување со непријателите.

Второто големо DLC излегува на 6 февруари

Неодамна се открија нови детали за второто големо DLC за Atomic Heart. Насловено како Trapped in Limbo, додатокот ќе ве одведе во чудниот и шаренолик свет на Лимбо и ќе ви дозволи да откриете нови мистерии така што ќе се соочите со нови непријатели, ќе користите нови оружја, а и ќе отклучите дополнителни седум изгледи.

Trapped in Limbo се надоврзува на крајот на приказната од основната игра. Поради ова, сега е одлична причина да поминете низ основната игра и спремни да ја дочекате новата авантура која ветува „енигматски свет со превртена логика“, што и да значи тоа. :)

Ветување за долготрајна и впечатлива забава

Значи, квалитетна игра на попуст, со долга основна кампања и со дополнители четири додатоци. Доколку барате нешто интересно и забавно за играње, Atomic Heart се чини како одличен избор за новогодишните празници. Мало потсетување дека Atomic Heart e исто така достапна и на Xbox Game Pass, така да можете и од таму да ја проверите основната игра.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Mundfish
  • ИздаваFocus Entertainment4Divinity
  • Жанр: акција, FPS
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 20 февруари 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk