Со новиот iPhone 5, Аpple ja претстави и финалната верзија на новиот мобилен оперативен систем iOS 6 (првин претставен во јуни) кој ќе биде достапен од 19-ти септември за сите корисници на платформата. Има неколку подобрувања на постоечките опции, подобра синхорнизација и интеграција со друштвените мрежи.
Facebook сега е подлабоко интегриран во мобилниот ОС, исто како и Twitter. Корисниците ќе имаат директен пристап до друштвените мрежи преку апликациите, прелистувачот и Siri. Говорниот асистен Siri сега може да прати спортски резултати, филмови и резервации, да стартува апликации и да пушува статуси на Facebook и Twitter. Додадена е и подобра поддршка за повеќе интернационални јазици. За жал Siri е достапен само за поновите iPhone 4S и 5 и новиот iPad.
Камерата може да прави панорамски фотографии од вкупно поврзани 28 мегапиксели и има стабилизатор за видеа и препознавање на лице, односно главната камера препознава 10 лица, а предната може само едно лице што е доволно за Face Time разговори. Корисниците ќе можат и да споделуваат фотографии со другите iCloud корисници. Друштвеноста меѓу корисниците е истакната и во новата Vip опција на апликацијата за имејл со која се истакнуваат „омилените“ луѓе од кои добивате пораки.
iOs 6 сега има и подобри мапи кои се интегрирани со Yelp, сервис за рецензии кој не се користи во Македонија. Apple Maps нудат подобра навигација низ улиците и има 3Д згради, но повторно 3Д функционалноста е ограничена за САД.
Една интересна новина е претставувањето на Passbook, апликација која обезбедува дигитални купони од продавиници, картички за подароци и други потрошувачки промоции за да го олесни нивното користење. За жал, апликацијата функционира само со бизниси кои се подготвени за таква интеракција, а тоа го нема во Македонија. Еден голем потенцијал на оваа апликација е што може во иднина да стане дигитален паричник.











