0 коментари 3 мин. читање 8 јуни, 2023

Со инвестиција од 22 милијарди евра Европа сака до 2030 да произведува 20 отсто од чиповите

Европската Унија ги одобри државните субвенции во висина од 8 милијарди евра наменети за развој на чипови. Заедно со финансиите од приватните фондови, проектот ќе вреди 22 милијарди евра.

Основна намена на фондот е да овозможи домашно производство на чипови во Европската Унија. Последните години покажуваат дека најголем дел од државите се зависни од увоз кога чиповите се во прашање. Ковид пандемијата и војната во Украина значително ја отежна испораката на чипови. Заедно со претходниот недостиг наеднаш сите сфатија дека ниту една индустрија нема да може да испорача производи ако нема полуспроводници. Се намали производството на сѐ, од графички картички, до телевизори, фрижидери и автомобили. Дополнително со поголемиот интерес за интернет на нештата, автономни возила, постојана поврзаност, потребата од чипови ќе расте во следните години.

За да не се најде повторно во слична состојба Европа го креираше овој развоен фонд. Средства од фондот ќе им бидат доделени на 56 компании во 19 држави.

„Европа ја зема судбината во свои раце. Со усовршување на најнапредните полуспроводници, ЕУ ќе стане индустриска велесила на пазарите од иднината.“, вели европскиот комесар Тиери Бретон.

Целта на проектот е до 2030 година во Европа да се произведуваат 20 отсто од сите произведени чипови во светот. Ова ќе биде удвојување на производството за 10 годинi. Во 2020 година на европско производство отпаѓа само 10% од чиповите на пазарот.

Проектот познат како Европски закон за чипови (EU Chips Act) е поднесен во 2021. Во годинешното обраќање во 2021 Урсула фон дер Лајен зборуваше за визијата за европската стратегија за чипови. За голем проект кој ќе вклучува производство, и развој, дизајн и тестирање на чипови.

Дел од партнерите на Европа во проектот се познати производители. Intel Corp, Infineon Technologies AG, STMicroelectronics NV, GlobalFoundries Inc и Wolfspeed Inc најавија свои инвестиции.

Taiwan Semiconductor Manufacturing Co. работи на изградба на производствен капацитет во Германија.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}