Наскоро паметните телефони, таблет компјутери и паметните уреди би можеле да доаѓаат со нов оперативен систем. Google веќе 2 години работи на Fuchsia оперативниот систем. Fuchsia треба да биде замена за неколку оперативни системи истовременo, тврди Bloomberg.
Секако ова значи дека Android, Chrome OS и сите оперативни системи за интернет на нештата би отишле во „пензија“. Барем засега ова не изгледа на реално очекување. Тимот во Google работи на: „Креирање на единствен оперативен систем на кој ќе може да работат сите уреди на компанијата, како Pixel телефони, паметни звучници, но и уреди од трети производители кои сега работат на Android и Chrome OS“, вели извор за Bloomberg.
Сепак ниту директорот на Google Сундар Пичај, ниту директорот на Chrome и Android Хироши Локхајмер не дале зелено светло за конечно реализирање на планот.
Секако она што ќе биде интересно е да видиме како излегувањето на новиот оперативен систем ќе влијае на фрагментираниот оперативен систем.







