0 коментари 2 мин. читање 20 јули, 2018

Нови проблеми за Airbnb?

Еден најпознатите, највредните и најпрепознатливите стартапи наскоро би можел да има проблеми. Расте бројот на градови кои го регулираат изнајмувањето на станови.

Њујорк е најновиот град на листата градови кои бараат пријавување и даночни исправи за изнајмувањето на становите. Претходно слични закони донесоа и Сан Франциско, Барселона, Њу Орлеанс и Ванкувер. Отсега компаниите ќе мора да ги остават имињата и адресите на домаќините до градските власти. Дополнително, ќе мора да бидат објавени и податоци за тоа дали се изнајмуваат само соби или целиот стан. Ова се однесува на компаниите на кои се изложени огласите, пример Airbnb или HomeAway.

Доколку не ги пријават становите, компаниите ќе треба да плаќаат казни до 1.500 долари за секој стан. Секако ова значи и неудобност и за станарите бидејќи градот ќе испраќа инспекција.

Најверојатно ова значи дека еден дел од становите во Њујорк ќе бидат симнати од листите на Airbnb. Главна причина за ова е законот кој не дозволува изнајмување на станови на период покус од 10 дена, вели New York Times.

Неодамна и Европската Унија му се закани со казни на Airbnb поради поставување на скриени трошоци. Во Европа компанијата има време до крајот на август да се усогласи со законите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top