Instagram ќе покажува кој корисник е онлајн

0 коментари 1 мин. читање

Facebook постојано се обидува да додаде некој новитет на сите платформи и сервиси кои ги поседува. Ова важи баш за сè, од виртуелната реалност до платформи како Instagram.

Најновата надградба доаѓа на Instagram. Корисниците отсега ќе може да видат кога некој од нивните Instagram пријатели е онлајн. Ова секако ќе помогне во комуникацијата со пријателите, но Instagram баш и не е креиран за ова. Корисникот ако сака ќе може во целост да ја исклучи оваа функционалност или да го скрие својот статус.

Инаку статусот е одбележан со зелено кругче слично како на Facebook Messenger, но и на AOL Instant Messenger, забележува Verge.

Колку оваа функционалност му е потребна на Instagram? Најверојатно не многу, но сепак друштвената мрежа е решена да ја додаде ама баш секоја функционалност која ќе им паден на памет.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед