0 коментари 2 мин. читање 4 ноември, 2011

САД ги обвини Русија и Кина за сајбер шпионажа

Контраразознавачката служба на САД објави извештај кој укажува на тоа дека Русија и Кина се најголемите престапници кога станува збор за економска интернет-шпионажа. Користејќи го интернетот, руски и кинески хакери крадат американски економски тајни со цел да го унапредат својот економски развој. Интересното за овој извештај е што за прв пат отворено ги обвинува овие држави за хакерски напади.

Извештајот наречен „Странски шпиони крадат американски економски тајни на интернет“ е направен за американскиот конгрес и во него стои дека приватни компании и експерти за интернет безбедност имаат изјавено дека голем број на хакерски напади потекнуваат од Кина. Во извештајот се наведува дека нападите од Русија се споредни во однос на тие од Кина, меѓутоа сепак се обемни и софистицирани. Поради големиот број на методи кои се користат за напаѓање на компјутерските системи, потешко е да се идентификуваат и да се лоцираат оние што крадат информации.

Кинескиот министер за надворешни работи, Хонг Ли, ги отфрли обвинувањата наведени во извештајот, изјавувајќи дека онлајн нападите се познати по тоа што преминуваат национални граници и се анонимни. Да се идентификуваат напаѓачите без детално истражување е непрофесионално и неодговорно. Тој исто така додаде дека интернационалната заедница ќе престане со предрасудите и ќе работи заедно со Кина за да се одржи онлајн безбедноста.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top