Со BitTorrent Torque можете да презeмате торенти преку вашиот прелистувач

во Веб

Откако пред 11 години го објавија BitTorrent и го променија начинот на споделување на датотеки, од компанијата се стремат кон револуционизирање на вебот со интегрирање на BitTorrent во алатката што секојдневно ја користиме – прелистувачот.

BitTorrent го објави Torque кој претставува JavaScript интерфејс на торент клиент кој им дава можнот на и веб развивачите да развиваат свои апликации со помош на Torque API-то. Моментално постојат две екстензии за Torque и тоа: Paddle Over – која интегрира „повлечи и спушти“ трансфери со споделување на друштвените мрежи и други компјутери, а втората е OneClick што претставува додаток за Chrome и торентите ги претвара во стандардни преземања на датотеки.

Ова е само алфа објава и BitTorrent Torque е далеку од готов, така да очекувајте уште многу од развојот на овој проект, како и еден куп новости. Што нѐ очекува можете и самите да погледнете на torque.bittorrent.com/labs/, додека вистинското место за развивачите каде што може да го најдат и изворниот код е documentup.com/bittorrenttorque/btapp.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk