0 коментари 2 мин. читање 29 декември, 2011

Dropbox тестира автоматско закачување на фотографии

Експерименталната 1.3.4 верзија на Dropbox има вклучена опција која ја скенира камерата, телефонот или SD картичката за содржина која ја автоматски складира на веб, односно на „облакот“. Бидејќи е во тест фаза опцијата функционира само на Windows, не и на некои верзии на Linux или Mac 10.4.

Со опцијава Dropbox сe придружува на многуте сервиси кои се ангажираат да обезбедат полесно закачување на фотографии онлајн, кое станува доста привлечна опција поради тоа што корисниците сега користат паметни телефони за сликање фотографии. Слични сервиси има и Photo Stream на Аpple кој е вграден во iOS 5, oдносно вградена опција во Google+ за автоматско закачување на фотографии од Android телефоните.

Dropbox има своја десктоп верзија, и верзии за iOS и Android платформите. Како популарен сервис за складирање на фајлови со опцијата за автоматско складирање на фотографии ќе може да привлече уште повеќе корисници. Проблемот со опцијата, според тоа што велат корисниците на форумот на Dropbox, е што сервисот ги повлекува сите фотогорафии и го преполнува лимитарниот простор што се нуди. Затоа ова е и добар бизнис потег на Dropbox бидејќи ги мотивира корисниците да платат за повеќе гигабајти.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}