Snapchat со нова, најголема надградба досега

Друштвената мрежа ќе се обиде да го раздели делот на вести од друштвениот дел. Причината за ова е што персонализираниот „ѕид“ и содржината која ја споделуваат пријателите не секогаш е точна. Едно од решенијата е креирање и достава на содржина која е интересна за корисникот, а не за неговите пријатели.

„Многу луѓе веруваат дека Snapchat е друштвена мрежа, сепак примарно се користи за разговор со пријатели – како видео текст. Snapchat започна како бегство од друштвените мрежи, место каде луѓето може да им испраќаат фотографии и видео на своите пријатели без притисоци за коментари, допаѓања и постојаност. Со фокусот на камерата, Snapchat можеше да ја спушти бариерата за изразување и покажа дека сите се креативни“, пишува Еван Шпигел на Axios.

Токму овие видео разговори се најдобриот одговор на распространувањето на алтернативните факти на друштвените мрежи. Разговорите помеѓу неколку пријатели нема да се прошират на огромен круг луѓе и со тоа луѓето сами ја креираат содржината.

Сепак, предизвиците доаѓаат наскоро. Snapchat наскоро ќе има повеќе проблеми со приказните од издавачите. Но, Snapchat има идеја како да го направи ова. Еден од моделите е алгоритми да избираат содржини врз база на она што корисникот го гледал претходно. Ова секако не е идеално решение, но наместо целосно да бидат оставени во раце на машините, Snapchat планира содржината да ја одбираат и уредуваат луѓе.

„Со редизајнот на Snapchat ќе го разделиме друштвено од медиум и ќе преземеме важен чекор напред кон зацрвстување на одностите со пријатели и со медиумите. Ова ќе овозможи подобар начин за издавачите да ги дистрибуираат и монетизираат своите приказни, и поинтимен начин пријателите да комуницираат и да пронаоѓаат содржини кои сакаат да ги гледаат“, додава г. Шпигел.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk