0 коментари 2 мин. читање 30 ноември, 2017

Новите батерии од графен на Samsung, ќе се полнат за 12 минути

Samsung јави дека компанијата направила значен исчекор во развојот на батерии од графен. Ова ќе овозможи 45% поголем капацитет на батериите и полнење за 12 минути.

„Теоретски батерија базирана на graphene ball се полни за само 12 минуити. Дополнително, батеријата е стабилна на 60 целџиузови степени“

Добра вест е што Samsung работи и на технологија за поефикасно синтетизирање на графен. Си помош на SiO2, компанијата успеа да синтетизира големо количество на 3д форма во облик на пуканки. Графенот се користи во Li-Ion батериите како заштитен слој за катодата и андодата.

Сегашната технологија на Li-Ion батерии се чини дека е до границата, и за поголеми и подобри батерии се потребни нови материјали. Графенот последниве неколку години се појавува се повеќе и тоа во куп најразлични технологии.

Батеријата е стабилна и на температури од 60 степени целзјусови, што е важно за електричните возила.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top