1 коментар 2 мин. читање 3 јуни, 2016

Snapchat со 150 милиони корисници го надмина Twitter

Snapchat секој ден има 150 милиони корисници, додека Twitter има нешто помалку од 140 милиони корисници дневно, јави Bloomberg. На првото место на листата e Facebook кој убедливo води со 1,09 милијарди корисници кои ја посетуваат социјалната мрежа дневно. Платформата која започна како можност за споделувања на фотографии и куси видеа со ограничен рок на траење е најверојатно најбрзорастечка социјална мрежа во моментот. Snapchat веќе презентираше и неколку интересни можности за монетизација од нејзината млада публика, што претставува проблем за постарите социјални мрежи.

Twitter долго време беше втора платформа по бројност, веднаш зад Facebook, но корисниците се распределија подоцна на Instagram, WhatsApp и Snapchat. Неодамна директорот на Twitter, Џек Дорси, призна дека комуникацијата на Snapchat е „многу модерна“, и најави дека ќе поработат на прилагодување на платформата за поедноставување како би можеле да привлечат повеќе корисници од 310-те милиони кои го посетуваат месечно.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top