Snap ги надмина предвидувањата, акциите рипнаа за 44%

На првиот ден од тргувањето со акции на Snap акциите на компанијата рипнаа од 17 на 24.48 долари. Ова значи дека во моментов, со оваа цена на акциите, Snap вреди 34 милијарди долари. Компанијата во текот на своето постоење нема ниту една година во која оствари профит, па ова не е мало изненадување.

Околу 216 милиони акции на Snap се тргувани на првиот ден, пренесе New York Times. Компанијата во двете последни години загуби околу 900 милиони долари. 514 милиони во 2016 година и  373 милиони долари во 2015 година. Сепак, компанијата има 158 милиони корисници секој ден. Бројот на дневно активни корисници порасна за 48% во последната година.

Првиот ден од тргувањето не секогаш е точен показател за акциите. На пример, Twitter на првиот ден го надмина предвидувањето за 73%, но сега висината на акциите е 40% пониска од предвидувањето. Ситуацијата со Facebook е обратна, на првиот ден паднаа 31% под предвидувањето, но денес се 260% над предвидувањето.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments