SMITE 2 стана бесплатна за играње

во гејминг

Titan Forge Games официјално ja лансира SMITE 2 како бесплатна игра, правејќи ја достапна за сите. Сите оние гејмери кои паметат неброени часови квалитетни сесии со првата игра, сега ќе можат да навлезат во продолжетокот без да платат денар. Како бесплатна за играње, SMITE 2 е достапна на PC, PlayStation 5, Xbox Series и Steam Deck. Се работи за солидно продолжение на популарната MOBA игра, најдобро позната по акција од трето лице и обработување на митолошката тематика. 

Новитети во играта

Бесплатното издание воведува пет нови богови што може да се играат, вклучувајќи го Аладин, Геб, Мулан, Агни и Улr, проширувајќи ја листата на вкупно 45 богови за играње. Богот Аладин успева да привлече највеќе внимание благодарение на уникатната механика на трчање по ѕид, како и механиките кои се длабоко инспирирани од духовите од лампите.

Популарниот режим 3v3 Joust се враќа со нова мапа која влече инспирација од времето на кралот Артур. Бројни сегменти поврзани со дизајнот на мапата се осмислени за да се даде силен фокус на брза борба. Значајни надополнувања може да се забележат и на мапата Conquest.

Според развојниот тим, за моментната форма на SMITE 2 се заслужни повратните информации од играчите. Како што можеби знаете, SMITE 2 беше долго време дел од алфата. За време на тој „ран пристап“ тимот можеше да се прилагоди соодветно на потребите на гејмерите и да понуди подобра игра. Ова, според зборовите на креативниот директот Травис Браун, е само почеток. Во иднина ќе се работи на значително подобрување на играта и воведување забавни новитети.

Со правење на играта да е бесплатна за сите, по првпат се продаваат платежните пакети со попуст од 25%.

Покрај уникатни содржини од козметичка вредност, Founder’s Edition, Deluxe Founder’s Edition и Ultimate Founder’s Edition ги отклучуваат сите сегашни и идни SMITE 2 богови.

Покрај распродажбата на овие едиции, следниот линк ќе открие и бројни попусти за други претходни игри на оваа студио.

Titan Forge Games, како најголемо интерно студио на Hi-Rez, се издвојува како значаен играч во индустријата за видео игри. Со импресивна база на играчи од над 40 милиони, студиото е дом на тимот зад наградуваната игра SMITE, која освои BAFTA награда.

Hi-Rez Studios, со седиште во Алфарета, Џорџија, е водечки издавач и развивач на видео игри, кој е на чело на индустријата за бесплатни игри и игри како услуга. Игрите на Hi-Rez се играни од повеќе од 110 милиони луѓе ширум светот на PC, Xbox Series X|S, Xbox One, PlayStation 5, PlayStation 4, iOS и Android.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk