Final Knight е забавен beat ’em up roguelike

во гејминг

Зошто да ја играте?

  •  Забавна комбинација на beat ’em up и roguelike (читај: го има најдоброто од двата света)
  •  Управувате со четири од девет крајно уникатни ликови
  •  Користите различни оружја, опрема и способности

Во случај да сте фанови на ретро-инспирираните аркадни игри, како и на roguelike жанрот, тогаш Final Knight го има најдоброто од двата света. Иако се работи за игра која е дел од раниот пристап на Steam, чедото на талентираното студио 2oclocksoft има што да понуди, особено доколку сте по хаотични битки во кои не се знае кој пие, а кој плаќа.

Играта ја започнувате така што бирате еден од девет понудени ликови. Секој од ликовите се одликува со уникатни основни и специјални напади. Чисто за пример, борецот може да повикува молњи, ренџерот да поставува мини и да затемнува небо со стрели. Волшебникот, од друга страна, може да манипулира со гравитацијата за да фрла непријатели на сите страни, а атентаторот да врши брзи и критични напади од сенките.

Гејмплејот е исклучително забавен во Final Knight. Првично, потсетува на старите добри флиперски игри, како Кадилак или Final Fight. Но таквиот впечаток брзо исчезнува, особено кога ќе поченете да користите најразлични примарни и секундарни способности, како и улти.

Низ дводимензионалниот дизајн на мапите, кој е, патем, полн со впечатливи визуелни елементи, ќе наоѓате најразлична опрема со статистички предности. Вештините кои ги користите може да ги зашеметуваат, отфрлуваат или рануваат непријателите.

Битките се динамични и доста агресивни. Непријателите користат различни тактики, принудувајќи ве да користите интересни комбо напади, како тркалање и инстантно напаѓање. Во одредени ситуации, се бара фокусирање на одреден тип непријатели, како изцелители. Босовите се, како викаат, приказна за себе. Се работи за огромни циновски противници кои бараат претходно брзи рефлекси и паметно користење на арсеналот од напади што го имате на ваше располагање.

Од време на време, користите и најразлична опрема која се одликува со магични својства. Имено, на почетокот на играта, најдовме еден прстен кој, доколку се активира, фрла електричен лак низ сите непријатели кои се наоѓаат директно пред вас. Ваквите моќи се исклучително јаки, но, како што кажавме, имаат ограничена употреба (до три пати). Другата форма на опремата може да ја носи вашиот лик, со што добива дополнителни моќи, како создавање отровен облак при секое користење на ултата. Искрено, пријатно се изненадувме од разноликите комбинации, и од забавниот фактор кој произлегува од нив.

Доколку читавте внимателно, би можеле да помислите дека во играта управувате со само еден лик. Ова не е точно. За брзо време, ќе можете да управувате со неколку херои од еднаш. За време на битките управувате со сите херои наизменично, им задавате наредби каде да одат и како да напаѓаат, на кои непријатели да се фокусираат, и слично. На овој начин, се отворат богати можности за тактизирање и стратешко користење на единиците кои се под вас.

Иако ни делуваше хаотично на почетокот, апсолутно уживавме во идејата да можеме да скокаме низ најразлични класи и да ги користиме нивните уникатни способности во лет. Како напредувате низ играта, така ќе можете да отклучувате дополнителни способности, правејќи го вашиот тим исклучително способен за соочување со легијата од непријатели.  

Светли точки во играта:

  • 9 импресивни класи
  • Бројни можности за комбинирање на опремата и способностите
  • Преубава ретро графика
  • Солидна музичка подлога
  • Предизвикувачки босови

Повеќе детали за играта

  • Произведува: 2oclocksoft
  • Издава: GRAVITY
  • Жанр: beat em up, roguelike
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на:  13 јануари 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments