Калифорнискиот стартап Next Thing бара инвестиција од 50.000 долари за да заврши на развојот на својот микро-компјутер Chip. Тоа што е интересно е што компјутерчето ќе чини само 9 долари! Затоа интернетот одговори позитивни, и Kickstarter кампањата заврши успешна со над 18.000 поддржувачи кои донираа над 920.000 долари. Првата верзија ќе доаѓа со процесор на 1GHz, 512МВ RAM и 4GB слободен простор, се за помалку од десет долари. На компјутерот ќе може без проблем да се корсити слободниот софтвер за едитирање на документи LibreOffice што може да биде корисен за студенти, за фановите на стари DOS игри, но и за корисниците од посиромашните земји.
Компјутерот ќе биде со слична димензија како кредитна картичка и треба да биде достапен на почетокот на 2016 година, а за првите поддржувачи на проектот микро-компјутерите ќе бидат достапни нешто порано, во септември и декември. Покрај супер евтиниот компјутер Next Thing најавува и надградена верзија Pocket Chip која ќе биде достапна за 50 долари, а ќе им овозможува на корисниците да го замат Chip да го стават во Pocket Chip и да го земат насекаде со нив.За да остане со минимална цена и димензии, креаторите на Chip жртвуваа дел од перформансите, на пример графичките можности. Компјутерот доаѓа со Wi-Fi и Bluetooth 4.0 конекција и поддршка за верзија на Linux.








