0 коментари 2 мин. читање 5 мај, 2014

Google ќе претстане да ги скенира Google Apps за таргетирано рекламирање

Откако неодамна објави дека ќе престане да ги скенира едукативните апликации (Google Apps for Education) чија цел беше доставување на реклами, Google најави дека слични промени ќе доживеат повеќе апликации. Google ќе престане да собира податоци и да ги користи податоците од корисниците на овие апликации за рекламни цели, и ќе ја прекине опцијата за рекламите во Google Apps конзолата за едукативни апликации. Ова значи дека администраторите повеќе нема да можат да рекламираат на овие сервиси.

„Слични промени наскоро доаѓаат и за корисниците на бесплатните верзии на Business, Government и Legacy апликациите. Дополнително ќе објавиме кога овие промени ќе бидат имплементирани“.

Корисниците кои на своите страни одбрале да прикажуваат AdSense реклами на своите Google Sites ќе можат да и задржат. Сепак промените нема да бидат достапни, а нови AdSense реклами нема да може да се додаваат на постoечки или на новите сајтови или страни.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top