0 коментари 1 мин. читање 28 декември, 2018

Следниот iPhone најверојатно ќе доаѓа од Индија

Новите ексклузивни модели на iPhone најверојатно ќе бидат склопувани во Индија. Ова би можело да се случи најрано од 2019 година. Ова веројатно ќе биде и првиот уред кој ќе излезе од погонот на Foxconn во Индија.

Дел од телефоните ќе продолжат да се произведуваат каде што се произведуваат и денес. Сепак склопувањето на најскапите модели на iPhone се сели во Индија, пренесе Reuters. Foxconn има фабрика во Sriperumbudur и токму тука ќе биде пренесено склопувањето, пренесува неименуваниот извор.

Во фабриките на Foxconn во Индија веќе се произведуваат телефоните на Xiaomi.

Одлуката за преселување на производството на телефоните во Индија можеби е поврзана со трговската војна помеѓу САД и Кина. Преселувањето на најскапите телефони во „независна“ страна би можело значително и да ги намали трошоците на Apple.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top