Серија од отпуштања и за Guild Wars 2 студиото, ArenaNet

Иако февруари е најкраток месец, гејмерската индустрија доживува исклучително тешки денови. Во времетраење од една недела, Activision Blizzard отпушти 800 луѓе, иако минатата година одбележа продажби од 7.5 милијарда долари и скоро 2 милијарди долари чист профит. Таман падна прашината од таквото фијаско, почнавме да читаме и за бројни, можни отпуштања во ArenaNet.

Според извештајот на Kotaku, ArenaNet, студио со околу 400 вработени, набргу ќе се соочи со бројни отпуштања. Од и-мејлот испратен од извршната директорка на NCSoft, Сонџи Јун, се чита дека:

„Заработката од нашиот live service модел (во Guild Wars 2) значително се намалува како старее играта, доцнења во проектите за PC и мобилни дополнително ги намалуваат нашите ресурси, а трошоците на запад се значително зголемени. Ние не можеме вака да се одржуваме и нема да бидеме способни за идни успеси.“

Извршниот директор од ArenaNet, Мајк Обрајан имал состанок на кој се разговарало за идните отпуштања, и за спојување на издавачката управа на ArenaNet, со таа на NCSoft.

Набргу по извештајот на Kotaku, и ArenaNet се огласија на нивниот форум.

„Знаеме дека имате многу прашања за иднината на Guild Wars 2. Би сакале да споделиме со вас што би можеле да очекувате за играта во иднина. Прво и најважно, целосно сме посветени на сите наши играчи и на понатамошна поддршка на играта. Од четвртата сезона на Living World, директно ќе продолжиме на петтата, исто како што и ви ветивме, и планираме и понатаму да продолжиме со редовни надополнувања и новитети.“

Во меѓувреме, други канали на ArenaNet контактираа неколку видни сајтови и ја оставија следнава изјава:

„Може да потврдиме дека поради откажување на сеуште ненајавени проекти, ArenaNet ќе започна да го намалува бројот на вработени. Ова е дел на поголема организациона реконструкција во NCSOFT на запад, но Guild Wars и Guild Wars 2 сервисите нема да бидат засегнати, нити пак некоја идна содржина за играта нема да биде откажана.“

Guild Wars и Guild Wars 2 дефинитивно ќе бидат засегнати од ова.

ArenaNet објаснува дека отпуштањата се поради нивни ненајавени проекти. Џесика Прајс, крајно токсична писателка која беше отпуштена од креативниот тим на Guild Wars 2 поради бројни напади врз гејмерската популација, веќе потврди дека ArenaNet работеле на два ненајавени проекти. Таа исто така призна дека, додека работела на сезоните, често биле финансиски ограничувани и, за клучната, петта епизода, All or Nothing, првенствено им било кажано дека можат да имаат само една филмска сцена.

Од друга страна, извршната директорка на NCSoft, компанијата која ја згасна ММО играта Wildstar без да им трепне око, не зборува само за загубите кои ги трпат со ненајавените проекти. Таа објаснува дека трпат огромни загуби и поради непрофитабилниот life service модел. Под life service, се мисли на одлуката на ArenaNet бесплатно да објавува по една епизода на секои три месеци. Во секоја од тие епизоди, има нова приказна, мапа, оружја и опрема. Профитот е замислен преку продавницата со микро-трансакции, каде се нудат работи од козметичка вредности и кутии со плен. Она што Сонџи Јун вели е дека таквата пракса на бесплатни епизоди, а нудење козметички работи преку продавницата не е профитабилно за една ММО игра од 2012 година, што значи дека нешто ќе мора да се направи и во тој поглед. Ако ArenaNet тврди дека Guild Wars тимот нема да трпи отпуштања, тогаш квалитетот на идните епизоди дефинитивно ќе биде намален и, ако една филмска сцена била првенствено проблем за една од најважните епизоди од сезоната, можеме само да замислиме на какви сè други сопки сега ќе наидува тимот. Дополнително, на Guild Wars 2 форумот, не на ArenaNet, туку на Guild Wars 2 форумот, горната изјава завршува со следнава реченица:

„Длабоко сме ви благодарни на сите вас за сета ваша поддршка во оваа тешко време“.

Тешко време, навистина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments