Се за вашето здравје: Healthbook е следната иновација на Apple

Аpple веќе го откри следниот пазар кој сака да го револуционизира, пишува 9to5Мac, најавувајќи дека Apple има нова апликација Healthbook која ќе следи фитнес и здраствени метрики за корисникот. Апликацијата ќе анализира од отчукувања на срцето до ниво на кислород и шеќер во крвта до мерење на тежината и внесените калории.

Сликите кои ги објави 9to5Mac откриваат дека Healthbook има неколку функционалности кои ја следат здраствената состојба на корисникот преку следење на активностите, пример, се следат изодените чекори, истрчаните километри, и според тоа се одредуваат потрошените калории и тежината. Апликацијата ќе зависи од волјата на корисникот редовно да внесува податоци, како внесување на видот на храна што ја конзумира, за да може да се анализираат и проценат останатите здравствени фактори. Но, не е јасно како апликацијата ќе го следи нивото на шеќер во крвта или нивото на кислород. Податоците најверојатно ќе ги внесува корисникот по проверка на лекар, а потоа апликацијата ќе прави пресметки врз основа на другите фактори поврзани со здравјето.

Тоа што е интересно околу Healthbook е што можеби ќе биде една од клучните апликации за iWatch, идниот паметен часовник на Apple. Паметните часовници и паметните алки се промовираат како фитнес додатоци, па ваква моќна апликација ќе му даде предност на Apple пред конкурентите. Ако им се верува на 9to5Mac, Healthbook можеби ќе се користи и како платформа врз која ќе може да се креираат други трети апликации. Во тој случај, Apple ќе може да собира податоци од другите апликации кои ќе ја подобрат Healthbook и индиректно ќе креира пазар на фитнес додатоци.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments