Следете ги земјотресите во Македонија

во ИТ.МК

{mosimage}Во последните две-три недели Македонија ја потресоа околу 200 до 300 помали земјотреси. Локацијата и информациите за околу 300 земјотреси е тешко да се следат само со читање на весниците или гледање телевизија, но е лесно со интернет и веб 2.0 алатките. „Не мора сите да се сеизмолози за да ги разберат земјотресите. :) “ вели Стојан Димитревски, креаторот на „Земјотреси“.

Алатката ги следи сите земјотреси кои се случуваат низ Македонија при тоа одблежувајќи го датумот, времето, местото со мапа и јачината на секој индивидуален земјотрес.

„Земјотреси“ е во бета и стартуваше пред неколку дена на 8 јуни и има информации за 6 земјотреси од кои 5 се во Дојранско.

{mosimage}

Ова го направив веднаш по серијата земјотреси кои што неодамна се случуваа во Југоисточна Македонија со цел да постои место каде што ќе можат да се следат земјотресите на територијата на РМ и се труди да ги претстави достапните информации за овие земјотреси на начин што е можно поблизок до обичниот човек.

Земјотреси е напишано во Python врз платформата за веб-апликации од Google: Google AppEngine. Кодот (освен некои „тајни“ информации како API клучеви) се оставени под GPLv3 и CreativeCommons лиценца и се достапни на git репозитарот.“ вели Стојан Димитровски a.k.a аct1v8.

Податоците за „Земјотреси“ се земаат од RSS фидот на EMSC-CSEM што е Европски-медитерански сеизмолошки центар на кој можат да се најдат големи број информации за земјотресите.

{mosimage}

Сервисот Земјотреси на Стојан е одличен пример за како да се искористат бесплатни и лесно достапни алатки за да се дојде до детални информации.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk