Skyrim Special Edition има значително повисока хардверска побарувачка

0 коментари 2 мин. читање

Skyrim Special Edition ќе биде спремна за вас на 28 октомври. Прашањето е, меѓутоа, дали сте вие спремни за неа?

Ремастер верзијата на мега-хитот од 2011-та година бара значително помоќно чудовиште, особено доколку сакате да уживате во максималните потенцијали на графичка надградба.

Чисто за споредба, ова е минималната побарувачка за оригиналната Skyrim од 2011:

  • Dual Core 2.0GHz
  • 2GB RAM
  • 6GB простор
  • Direct X 9 графичка карта со 512 MB RAM

Ова е минималната побарувачка за специјалната едиција:

  • Intel i5-750/AMD Phenom II X4-945
  • 8GB RAM
  • 12 GB простор
  • NVIDIA GTX 470 1GB / AMD HD 7870 2GB

maxresdefault

Како што можете да забележите, потребата за RAM-от е зголемена за четири пати, хард диск просторот за два пати, а слична е ситуацијата со графичката карта каде специфично се именува најнискиот можен графички процесор. Каква е ситуацијата со препорачаната конфигурација.

Забележителен е огромниот скок од тогашната и сегашната побарувачка, но, според денешните стандарди, барањето се чини, сосема прифатливо.

Skyrim Special Edition излегува за PS4, Xbox One и PC. За сопствениците на PC верзијата и трите последователни проширувања, едицијата е бесплатна надградба. Со оваа едиција се воведува поддршка за модови за конзолите, сите ефекти се надградени во подобри графички алтернативи, воведен е ефектот Volumetric lightning, односно God Rays, динамична длабочина на видикот, но и нови шејдери за снег и вода. Skyrim Special Edition ќе се одликува и со природна 4К поддршка!

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед