„Веруваме дека рекламите, кога ќе бидат направени како што треба, ќе ни помогнат да продолжиме да инвестираме во развивање на подобар продукт.“, вели Skype.
Introducing advertising in Skype
Рекламите нема да се појавуваат за македонските корисници бидејќи Skype ќе се фокусира на САД, Британија и Германија, барем на почетокот. Skype ќе прикажува поретко реклами, односно по една од секој бренд на ден, и нема да бидат со pop-up прозорче за да не сметаат при користењето на комуникациската алатка.
Skype најверојатно ќе собира и информации за корисниците како локација, пол и години со цел да ги таргетира со рекламите, но ќе има и опција со која корисникот ќе може да избере да не бидат собирани негови лични информации.








