0 коментари 1 мин. читање 8 март, 2011

Opera стартува Mobile App Store

Продавницата за мобилни апликации има и Opera Publisher портал каде развивачите можат да пријават свои апликации.

Според Opera, во тест фазата продавницата привлекла 15 милиони корисници во февруари од 200 земји, достигнувајќи до 700.000 симнувања на ден.

Продавницата на Opera е поддржана од Appia пазарот кој дистрибуира над 140.000 мобилни апликаци за разни платформи креирани од 32.000 развивачи за над 40 партнери кои сакаат или да си стартуваат свои мобилни продавници или да си брендираат свои апликации. Opera со Appia ќе има пристап до голем дел од апликациите веднаш од старт, додека, oд другата страна, Appia ќе може да ги дистрибуира апликациите до над 100 милиони Opera Mini корисници.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top