Skype работи на 3Д видео разговори

во Софтвер

Skype потврди дека развива 3Д видео разговори, но, за жал, тие разговор ќе бидат достапни дури во подалечна иднина. „Работевме во лабораторијата на можностите на 3Д дисплеите и можноста за 3Д снимање“, вели Марк Жилет од Microsoft за BBC.

3Д телевизорите, мониторите и лаптопите веќе се прифатени од корисниците, но најголем проблем за имплементација на технологијата е недостатокот на уреди за 3Д снимање. Оваа технологијата бара повеќе камери на компјутерите кои ќе бидат прецизно поставени. Но, ова не го спречува развојниот тим на Skype во својата лабораторија да има веќе креирано вакви уреди.

„Уредите за снимање не се на потребното ниво. За да работиме на 3Д технологија потребно е додавање на повеќе камери на компјутерите и нивно нагодување и насочување. Имаме вакво нешто во лабораторијата, знаеме како да го направиме ова и разгледуваме екосистем од уреди и нивна способност за да одлучиме што да направиме за да го донесеме на пазарот.“, вели г. Жилет.

По се изгледа дека технолоигјате ќе мора да почека 3Д снимањето да биде достапно на паметните телефони или декстоп компјутери пред се, иако засега нема најави за вакви камери. Ова може да бидат добри вести за производителите на 3Д уреди кои во последно време се соочени со пад на популарноста на технологијата. Покрај поддршката на технологијата од неколку холивудски великани како Џејмс Камерун, дел од студијата како ESPN ги прекинуваат своите 3Д канали.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk