0 коментари 2 мин. читање 22 август, 2011

Skype го купи GroupMе за да ја подобри групната комуникација

Стартапот за групна комуникација, кој е стартуван само пред година дена, GroupМe, сега е во сопственост на Skype, популарен VoIP сервис кој неодамна беше и самиот купен од Microsoft за 8,5 милијарди долари. Skype наскоро ќе биде интегриран во Microsoft платормите xBox 360, Kinect, Office 365 и Windows Phone. Токму тука GroupMe, кој се покажа корисен сервис за групно четување во неколку наврати, ќе биде искористен од корисниците на разните платформи.

„Оваа аквизиција е уште еден чекор напред кон нашата визија да обезбедиме глобално мулти-платформско комуникациско искуство“, вели директорот на Skype, Тони Бејтс. „Водството кое го имаме во гласовната и видео комуникацијата сега е надополнето со обезбедување на најдобрите текстуални комуникации и иновативни опции за групни пораки што им овозможуваат на корисниците да се поврзат, споделат локација и слики, и да направат планови со нивните најблиски.“

„Последнава аквизиција, заедно со купувањето на Qik оваа година, ни ја зацврстува улогата на иноватор на уникатно мобилно искуство.“

GroupeMe, кој сега има 20 вработени и канцеларии во Њу Јорк, е сервис креиран во мај 2010-та на хакатон натпреварување организирано од TechCrunch, и нуди групно четување за сите мобилни платформи со можност да се креираат групи и да се споделува локацијата. По натпреварувањето сервисот собра 850.000 долари од инвеститори за понатамошно развивање, а во јануари 2011 година собра 10,6 милиони од инвеститори.

Според нив, партнерството со Skype нема да смени многу во развивањето, „најголемата разлика е дека ќе добиеме пристап до 175 милиони месечни Skype корисници. 175 милиони луѓе. Ова е голема работа.“

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top