0 коментари 2 мин. читање 22 август, 2011

Apple, Microsoft и Intel се натпреваруваат за турските училишта

Турција очигледно нема намера да штеди кога станува се работи за образованието на своите млади граѓани. Турската влада планира амбициозна инвестиција за подобрување на образовниот систем, снабдувајќи 15 милиони ученици со таблет компјутери. Оваа инвестиција е дел од проектот „ФАТИХ“, кој има за цел да ги направи турските училиште да бидат во тек со технолошките трендови.

Турскиот министер за еконимија, Зафер Чаглајан ги посети американските градови Сиетл и Купертино за да се сретне со извршните директори на Apple, Intel и Microsoft. Во интервју тој изјави дека и Apple и Microsoft се заинтересирани да учествуваат во овој амбициозен проект, и дека тим од Microsoft ќе дојде во Турција за подобро да се запознаат со проектот. Г. Чаглајан изјави и дека постои можност Intel да отвори истражувачки центар во Турција, додека Apple би можеле да отворат производни капацитети за производство на iPhone и iPad додатоци.

Проектот Фатих ќе ги зголеми стандардите и квалитетот на образованието преку имплементирање на напредни технологии, како што е електронска табла, проектори, и постепено заменување на стандардните книги и учебници со електронски. Компанијата што ќе ја добие задачата да ги снабди турските ученици со 15 милиони таблет компјутери, ќе мора да ги произведува овие таблет компјутери во Турција.

Турција е втората земја, по Јужна Кореја, која планира да користи таблет компјутерите во образованието.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top