GoPro е во потрага по содржини со кои би излегле надвор од рамката на производителите на хардвер, и би станале издавач на уникатни адреналински видеа. Една од идеите како да стигнат до таа цел е креирање на телевизиски канал на кој ќе бидат прикажувани видеата снимени од корисниците на GoPro камерите.
Нова програма на GoPro ќе им овозможи на корисниците за своите видеа и фотографии можат да бидат и финансиски наградени. Предвидени се неколку категории помеѓу кои: акција, мотоспорт, музика, фамилија, животни, а најдобрите во секоја од овие категории ќе добијат по 500 долари за фотографија, 1.000 долари за видео и 5.000 долари за едитирано видео.
Вкупниот награден фонд е 5 милиони долари годишно, а корисниците можат да пријават колку содржини сакаат. Авторските права на наградените видеа остануваат кај снимателите, а GoPro единствено ќе има право да ги емитува содржините на своите канали, јави Verge. GoPro ќе има можност да ги едитира наградените видеа и да ги реемитува на канали на кои има платени реклами, а доколку ова се случи креаторите на содржините може да бидат и дополнително финансиски наградени.







