0 коментари 2 мин. читање

Skype е национална опасност за Русија

{mosimage}Лоби група која ги претставува руските телеком компании со околу 100 члена побара Skype и други слични VoIP сервиси да бидат забранети во Русија бидејќи го нарушуваат бизнисот со поефтини тарифи и се национална опасност бидејќи се странски компании. Руската унија на индустријалисти и претприемачи побара од премиерот Путин и од членовите на рускиот парламент да воведат закони со кои ќе се лимитираат или забранат компаниите кои нудат интернет телефонија.

„Повеќете маркетинг брендови од интернет телефонијата, како Skype и ICQ, се странски, и затоа мора да ги заштитиме домашните компании“ велат лобистите.

Нивниот страв од VoIP oпасноста доаѓа од нивниот извештај дека 40 отсто од вкупните телефонски разговори во Русија во 2012 година ќе бидат преку тие протоколи. Што се однесува до националната безбедност, лобито вели дека бидејќи VoIP компаниите се странски компании, рускиот закон нема да им може ништо зошто се хостирани надвор од земјата.

{mosimage}

Освен евтините и бесплатните повици кои ги нудат, VoIP сервисите ги кодираат разговорите, што иако безбедно, од друга страна разговорите се потешки да се следат и прислушкуваат.

Тоа преставува проблем не само за Русија туку и за другите земји. Неодамна Италија реагираше на кодираните разговори бидејќи криминалците се почесто користат Skype.

A што се однесува до конкуренцијата и евтините разговори, германскиот Deutschе Telekom го забрани користењето на Skype преку нивната мрежа за мобилни и Wi-Fi.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top