{mosimage}Често се вели дека наједноставното решение е и најдоброто. Albion Cafe, пекарница од Лондон, го користи Twitter да ги информира своите муштерии за свежите пецива. Пекарата воопшто не вложува многу во рекламирањето на своите продукти, туку едноставно ја користи технологијата и Twitter да си го промовира своите свежи кифлички.
За да твита пекарата користи едноставен безжичен уред BakerTweet со едноставен веб интерфејс изработен од Poke. Погледнете за што станува збор…
Ова е практичната корист на Twitter. За разлика од другите друштвени мрежи, овој сервис има најголем потенцијал за бизнисите и потрошувачите, првите да се промовираат, другите да се информираат.
Како што може да се види од примерот на Albion Cafe, или од примерот на Umi, суши ресторан од Сан Франциско, Twitter е одлично решение за малите бизниси да понудат нешто повеќе од обична реклама, пред се креативна интеракција со муштериите. Бидејќи се работи за едноставен сервис и за само 140 карактери истиот ефект може да се постигне и без BakerTweet или други уреди.
Од големите компании, најдобар пример е Dell кој со Twitter заработи 3 милиони долари. Повеќе за DellOutlet тука.
Додатни примери за компании кои го користат сервисот за промовирање можете да најдете во бизнис водичот на Twitter кој беше објавен пред неколку дена. Покрај примерите можете да најдете информации како да отворите свој Twitter профил и како да се снајдете на сервисот.






