0 коментари 2 мин. читање 14 јануари, 2015

Британскиот премиер сака да ги забрани WhatsApp и Snapchat поради скриената комуникација

Британскиот премиер Дејвид Камерон побара забрана за сите апликации кои овозможуваат комуникација со енкриптирани пораки, јави New York Times. Г. Камерон нема намера да се откаже од забраната, па може да се очекува дека први на удар ќе бидат WhatsApp и Snapchat, доколку не се откажат од приватноста на нивните корисници и не обезбедат пристап до комуникацијата на британските служби.

Покрај ова владата ќе поднесе и закон со кој интернет провајдерите ќе треба да чуваат повеќе и подолго податоци за своите корисници. Иницијативата доаѓа по нападите во Париз, кои се користат како дополнителен мотив да се протурка закон кој сериозно ќе ја намали приватноста на граѓаните.

„Дали ќе дозволиме комуникација која едноставно не можеме да ја прочитаме? Мојот одговор на ова прашање е: Не не смееме!“, вели г. Камерон. „Нападите во Париз демонстрираа со колкави закани сме соочени и потребна ни е поголема моќ во разузнавачките и безбедносните агенции за да ги заштитиме луѓето“.

Слична дебата се одвива и во повеќето европски држави кои се почесто бараат од компаниите како Google, Facebook, Microsoft пристап до податоците. За сега компаниите одолеваат на барањата на агенциите, но доколку бидат донесени вакви закони можеби ќе бидат принудени да се повлечат од овие држави.

Законот доколку биде донесен би можел да биде спроведен најрано во 2016 година, иако барем засега не е јасно како Британија планира да го ограничи пристапот до апликациите кои имаат стотици милиони корисници.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top