Скоро 47% од е-маиловите се читаат преку мобилен уред

Со сè поголемата достапност на мобилниот интернет, дури 47 отсто од електронската пошта се отвора на преносни уреди: паметни телефони или таблет компјутери. Анализата е направена на над 250 милиони отворени пораки, пренесува The Next Web.

Токму поради ова е потребна еволуција на електронската пошта која ќе биде интерактивна, со цел подобро искуство на корисниците кои пристапуваат од телефони или во не толку далечна иднина од паметни часовници. Ова константно намалување на екраните, бара прилагодување на големината на текстот, бидејќи пораките кои се тешки за читање често се игнорирани од корисниците.

Прилагодувањето мора да започне од самиот почеток, односно пораките мора да бидат најпрво погодни за екраните на телефоните, а потоа да се размислува за десктоп изданието. Клиентите за телефони би требало да доаѓаат со доволно големи копчиња за лесно селектирање, отсранување на непотребна навигација, прикажување на секој параграф од пораката одделно или нивно спојување во една порака. Впрочем, како што веб сајтовите станаа “responsive”, овој тренд треба да се прилагоди и кон е-маил комуникацијата.

„Креирањето на имејл за мобилен екран ве принудува да бидете безмилосни со својата содржина и естетика, а со тоа побрзо да стигнете до поентата на пораката… Кратење на содржината која не е суштинска за остварување на вежбата и фокусирање на копија која е ориентирана кон акција. Ова ќе направи поедноставна и почиста верзија за десктоп и мобилна платформа, а со тоа пораката најверојатно и подобро ќе се префрла од една на друга верзија“, вели Том Боатс од RunKeeper.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk