Кинеската хакерска група која работи за пари и во февруари изврши сериозен напад врз безбедносната компанија Bit9, во текот на изминатите години има нападнато стотици бизниси и владини тела, велат истражувањата на Symantec.
Истражувачите веруваат дека Hidden Lynx имаат стигнато до сигурносните датотеки на Bit9 преку неколку компании за безбедност во САД кои ги користат технологиите на Bit9. Додека од Symantec веруваат дека истата група има поврзаност со Операцијата Аурора во која беа цел 200 водечки ИТ компании како Google, Intel, Adobe и други.
Според извештајот од Symantec, Hidden Lynx е опишана како професионална организација која брои помеѓу 50 и 100 луѓе со различни вештини кои се потребни за да се пробие во одредени мрежи и да се украдат или компромитираат информации, како и важни корпоративни тајни, а компанијата оперира на интернет просторот од 2009 година.
„Hidden Lynx редовно прави експлоити и имаат способност за брзо време да преработен одредени експлоити за своите потреби. Работат според однапред одредени методи и досега се прикажани како најнапредни во споредба со останатите хакерски групи кои оперираат во тој регион“, стои во извештајот.
Дополнително, групата е поделена во два тима кои понекогаш се случува да работат одделно. Едниот тим именуван како Moudoor, именувана според тројанецот што го користат, како цел ги имаат организациите во финансиската индустрија, локалните и сојузните владини организации, организациите поврзани со здравството, правото и образованието. Додека вториот тим е именуван Naid, кои имаат операции од помал профил и ресурсите што ги собираат ги чуваат за поголемите заеднички операции.
На инфографикот кој го имаат изработено од Symantec може да се види историјата и нападите од оваа организација.