Скоро 40 отсто од популарните светски брендови се на Instagram, ги обожаваат Lo-fi и X-Pro II филтрите

0 коментари 1 мин. читање

Четириесет проценти од стоте најмоќни компании се активни на Instagram. Ова го покажува студијата на  Simply Measured направена по повод „лансирањето“ на новата алатка Instagram analytic. Студијата покажува и дека од 40 компании кои користат Instagram, 35 проценти имаат 20.000 следбеници, а осум од овие комании имаат над 100.000 следбеници. Најмногу „фанови“ имаат MTV и Starbucks речиси 1.000.000, но најактивни се следбениците на Nike и Audi.

Омилени Instagram филтри на големите компании се Lo-fi и X-Pro II. Иако бројките на големите комании се занемарливи во однос на другите друштвени мрежи (98% Facebook, 94% Twitter), за големите компании ваквите апликации сè уште се само алатки за зголемување на публиката.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед