0 коментари 2 мин. читање 15 август, 2012

Основачот на Wikileaks ќе добие азил во Еквадор

Основачот на контроверзниот Wikileaks, Џулиан Асанж,  ќе добие азил во Еквадор. Веста доаѓа од официјални претставници на властите во Еквадор, јавува Guardian. Г. Асанж се крие веќе два месеци во еквадорската амбасада во Лондон, од 19 јуни кога побара азил за да се спаси од екстрадиција во Шведска каде е обвинет за силување на две девојки.

Но, иако еквадорците му го одобрија барањето, сепак за да стигне во јужно-американската земја, г. Асанж ќе мора да излезе од амбасадата. Британските власти сè уште не му гарантираат безбедно поминување и голема е веројатноста тој да биде уапсен на патот до аеродромот.

Сепак претсетателот на Еквадор, Рафаел Кореа, кој е и близок пријател на г. Асанж, по излегувањетот на веста објави на својот Twitter профил дека одлуката за азил за сè уште не е донесена. Според претходната објава претседателот чекаше да завршат Олимписките Игри, а својата одлука ќе ја донесе најдоцна до петок.

Асанж е баран во Шведска поради тужба за силување и напад на две жени. Оваа тужба, и неговото апсење, се случија откако Wikileaks објави илјадници доверливи дипломатски документи. Според основачот на контроверзниот сајт, неговата екстрадиција во Шведска е политичка игра, дел од поголем план за да биде префрлен во САД за каде ќе стравува за својот живот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top