Градот Скопје набави пет електрични скутери кои ќе се користата за потребите на градската администрација. Скутерите возат со максимална брзина од 45 км/ч и може да помине 50 км со едно полнење, за кое се потребни околу 5 часа. Цената на скутерите е околу 2.500 евра, односно потрошени се вкупно 782.458 денари за сите пет.
Според властите, електричните скутери трошат 10 денари на поминати 100 километри, и оваа штедливост би требало да биде доволна мотивација на сите граѓани, иинституции и власти да се заинтересираат за електромобилност. Секако, со електричните мотори се намалува и загадувањето бидејќи не испуштаат лоши гасови од согорување на гориво, и се полесни за оддржување. Скутерите ќе ги користат службите на Град Скопје – инспекторите, комуналните редари и други.
Неодамна Град Скопје постави и прв полнач за електрични возила во гаражата „Македонска фаланга“ со моќ од 22 киловати.
[…] По Градот Скопје и општината Чаир ќе го збогати возниот парк со електрични автомобили. За оваа намена општината ќе набави пет електрични автомобили и ќе инсталира електричен полнач пред зградата на општината. Автомобилите ќе се користат за потребните на општината, слично како и градот Скопје. […]