Скокот на Феликс Баумгартнер покрај рекордот за скок од најголема висина, ќе го држи и рекордот за најголем број едновремени стримови на YouTube. Рекордот е постигнат во живо додека г.Баумгартнер го изведуваше својот скок кој беше пренесуван на Red Bull каналот на YouTube.
Додека Баумгартнер се подготвуваше за рекордниот скокот кој го нарекоа „скок од работ на Вселената“ веќе го имаше соборено YouTube рекордот со 7,1 милиони стримови. Во текот на преносот бројот на гледачи варирал за во еден момент да биде постигнат рекордот од 8 милиони гледачи.YouTube ја сподели оваа бројка на својот блог.
„Му честитаме на Феликс Баумгартнер и на целиот RedBull Stratos тим на успешната мисија, но и за стрим во живо со најголем број гледачи истовремено“.
Рекордите кои ги постави Феликс Баумгартнер се скок од 39,35 километри височина, слободен пад од 36,53 километри и брзина од 1342 km/h што е побрзо 1,24 пати од брзината на звукот. Претходниот рекорд на број на истовремени стримови беше околу половина милион, а го држеа Олимписките Игри во Лондон.
[youtube]MT1DhcQg0Os[/youtube]







