0 коментари 2 мин. читање 15 октомври, 2012

Microsoft го заврши Office 2013, софтверскиот пакет е готов за продажба

Microsoft објави дека новиот пакет Office 2013 е подготвен за продажба. Ова значи дека Office се завршени кодирањето и тестирањето, а покрај почетокот на производството, значи и дека може да започнат со инсталацијата на таблет компјутерите. Новиот Office ќе доаѓа со „Cloud“-поддршка, но најверојатно тоа што најмногу ќе го разликува от претходниците е поготвеноста на Microsoft  целосно да се посвети на функционалноста на екраните на допир. Па, освен оперативниот систем и Office ќе биде со целосна подршка со екраните на допир.

Office 2013 е планиран за почетокот на 2013 година, а корисниците кои ќе го купат Office 2010 од 19 октомври ќе го добијат Office 2013 бесплатно. Засега таблет комјутерите ќе доаѓаат со тест (preview) верзија на Windows RT.

Иронично, но најголем проблем со новиот Office може да биде токму превисоката цена на докот/тастатурата, иако барем засега нема официјална најава за цената од Microsoft. Околу 200 дополнителни долари за тастатура може да се покаже пресудна за користење на Office на таблет комјутерите. Ќе биде интересно да се види за кој бизнис модел ќе се одлучи Microsoft, дали како Amazon ќе профитира од услугите и апликациите кои ги нудат, или како Apple ќе преферира максимален можен профит од уредите и минимални можни цени за апликациите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top