1 коментар 1 мин. читање

Mozilla го преобјави Firefox 16

Откако беше повлечена поради безбедносни причини, односно поради корисничката приватност, Mozilla ја преобјавија Firefox 16. Истиот безбедносен пропуст беше откриен и од истражувачот за безбедност – Герет Хајс, кој на својот блог го објави целиот концепт за како функционира и може да се искористи оваа дупка.

Објавена е нова верзија, односно 16.0.1 и строго е препорачливо корисниците да ја ажурираат својата „лисица“. Исто така, објавена е и нова ажурира верзија за Android оперативниот систем.

„Безбедносниот истражувач на Mozilla „moz_bug_r_a4“ пријави регресија каде што безбедносните омоти се одвиткале без да направат безбедносна проверка во defaultValue();“, се вели во известувањето од Mozilla.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top