0 коментари 2 мин. читање 8 октомври, 2014

GitHub понуди бесплатни развојни алатки за студентите

GitHub заедно со 12 партнери започнаа да им нуди бесплатни алатки за студенти, станува збор за софтвер кој не е бесплатен, но студентите можат да го користат бесплатно. За сите алатки или целиот пакет ви е потребна имејл адреса од образовната установа, студентска идентификација или дополнителен доказ дека сè уште сте студент.

Во пакетот за студенти девелопери доаѓаат:

  • Atom: текст едитор, бесплатен;
  • Bitnami: инсталирање на облак апликација со еден клик (чини 49 долари месечно);
  • Crowdflower: пристап до Crowdflower (кој чини 2.500 долари месечно)
  • DigitalOcean:  хостирање во облак (100 долари);
  • DNSimple: едноставен DNS менаџмент и API (3 долари месечно);
  • GitHub: алатка за соработка (7 долари месечно);
  • HackHands: помош за програмирање достапна 24 часа (25 долари);
  • Namecheap: домен од Namecheap и SSl сертификат (9 долари годишно и 9 долари годишно);
  • Orchestrate: датабаза која вклучува пребарување, временски-поврзани настани, геолокација и графички „query“ (49 долари);
  • Screenhero: споделување на екран за соработка (10 долари месечно);
  • SendGrid: имејл инфраструктура како услуга (5 долари);
  • Stripe: веб и мобилни исплати (1000 долари, од првите трансакции);
  • Travis Cl: континуирана интегрирана платформа за опен сорс и приватни проекти (70 долари месечно);
  • Unreal Engine: Алатка за развивање на видео игри (19 долари месечно).
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top