Системoт за повик во случај на незгода на патот, eCall, ќе биде интегриран во сите автомобили од март 2018 година, одлучи Европскиот парламент. Системот автоматски ќе се јавува до службите за итни случаи во случај на незгода. Ова ќе овозможи побрзо престигање на овие служби, пред се во руралните и одалечени места, констатира BBC.
Податоците кои ќе ги испраќа eCall до службите за итни случаи се: типот на возилото, типот на гориво кој го користи, локација на несреќата и времето на несреќата.
„Пристигањето на службите за итни случаи на местото на несреќата брзо е клучно за избегнување на смртни случаи. Технологијата може да спаси животи.“, вели Антонио Авеносо од Европскиот совет за безбедност во сообраќајот. „За жал ќе мора да почекаме неколку години пред сите автомобили да бидат опремени со овој систем.“
Предлогот за воведување на ваков систем е од 2012, но поради повеќе причини помеѓу кои и прашањето за приватноста на возачите решението се одлагаше до сега.
[youtube]nerKlYnM9aY[/youtube]