0 коментари 1 мин. читање 13 јануари, 2012

Siri може да се користи и за контрола на домашните уреди

Apple можеби го чува Siri ексклузивни само за новиот iPhone 4S, но личниот асистент беше неколку пати активиран и на постарите iOS уреди, и сега за прв пат гледаме дека може да се користи и за контрола на домашни уреди.

Компанијата Carnes Audio од САД во YouTube видео прикажа интересен концепт за да се користи гласовниот асистент Siri, за контрола на термостат, светлото и DVD плеер. Компанјата го искористи Siri и видеото да си ја изрекламира својата Creston опрема за автматизирање на домашните уреди.

„Ќе има ден кога многу уреди во куќата ќе имаат IP адреса и ќе се сместени на вашата домашна мрежа. Ако има струја која поминува низ уредот, тогаш има големи шанси дека ќе може да го контролираме.“, вели инжинерот на Carnes, Матју Карнс.

[youtube]8wQIbZuUHMg[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top