Покрај RTM верзијата наменета за производителите, денес Microsoft ја објави и тест верзија на завршениот Windows 8 Enterprise. Оваа верзија со лиценца за само 90 дена е иста со таа што ќе започне да се продава од 26-ти октомври.
Верзијата ги содржи сите функционалности на Windows 8 Pro, како и Windows To Go што е нова опција која овозможува да се користи Windows преку USB.
Доколку ја симнете и инсталирате тест верзијата, ќе треба да знаете дека ќе мора потоа да ја реинсталирате официјалната верзија. Како што вели Microsoft, штом истече времето од 90 дена, екранот ќе се затемни, а PC-то ќе се изгаси на секој час за да не може да се користи. Тест верзијата не може да се надоградува, па затоа Microsoft советува да се инсталира верзијата на „виртуелна околина или на посебен хард диск или партиција“, со цел подоцна да си ја надградите својата верзија на Windows во „осумката“.