1 коментар 2 мин. читање

Ко-основачите на Twitter ги претставија своите нови проекти, Medium и Branch

Medium е убаво дизајнирана платформа на која ќе се споделуваат блог постови и фотографии. Моментално е во затворена тест фаза, но откако ќе стартува би требало да го промени начинот на како споделуваме содржина, како што тоа го направија Blogger и Twitter, двата претходни проекти на Еван Вилијамс. Првиот беше купен од Google, вториот стана популарна друштвена мрежа која ја револуционизираше комуникацијата.

Г. Вилијамс заедно со другиот ко-основач на Twitter, Биз Стоун, (третиот ко-основач Џек Дорси е основач на Square) го претставија Medium како платформа на која „ќе се постира во колекции одредедени според тема и темплејт“. Организацијата и изборот на содржина ќе може да ja прават неколку луѓе, што ќе го долови искуството на колаборативен блог-медиум.

„Веруваме дека добриот дизајн ја поткрепува целта (не само привлечноста) на содржината, затоа Medium e поинаков во изгледот и функционалноста – разликувајќи се според текстовите и сликите, и можеби некои други работи.“, се вели во уводот.

Вториот сервис кој го претставија овие двајца визионери е Branch. Корисниците ќе се логираат преку Twitter профил за да можат да водат посериозни и подолги разговори меѓу себе. Branch е вид на продолжување на Twitter, каде наместо куп твитови од непознати лица, ќе може да се разговара само со пријателите на теми кои се важни за корисникот. Но, со Branch ќе може да се стартуваат и јавни разговори на кои ќе се поканети да коментираат само одредени корисници. Овие постови ќе може да се споделат, да се вметнат на сајт или пак другите да се претплатат на разговорот преку нотификации на мејл.

Branch from Branch on Vimeo.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top