Милев дека сме специјални, вели директоро на Evernote, Фил Либин откако New York Times му посочи дека во Силициумската долина има куп стартапи кои вредат над една милијарда долари. Квентин Харди од Њујоркшкиот весник пишува дека во долината има околу 25, ако не и над 40 приватни компании кои имаат вредност од една милијарда долари. Гледајќи ја оваа бројка на стартапи ниту Instagram, стартап стар само три години за кој Facebook плати над 700 милиони долари, не изгледа ништо поспектакуларно од другите.
Дел од овие стартапи немаат цел само да направат профит (барем не во моментот), туку да претстават иновации кои ќе го преобразaт начинот како ја конзумираме технологијата, како што вели г. Либин чиј Evernote е еден од омилените сервиси за фаќање белешки на Веб.
„Многу од нас не се заинтересирани за големи проценки, туку се обидуваме да креираме нешто што ќе трае. Ова веќе не е безбедна индустрија.“
Но, токму заради иновациите стартапите се интересни на инвеститорите кои даваат многу пари на вработените во замена за акции во компанијата. Главната причина за големата вредност е што богатите инвеститори инвестираат многу пари во стартапите и, поважно, што стартапите продаваат сервиси и продукти директно на други бизниси, обезбедувајжи рани приходи или профит. Ако трендот продолжи можно е за година-две да видиме дури 100 стартапи кои ја надминуваат милијардата, велат експерите. Интересно, кога 11-годишниот Microsoft во 1986-та излезе на јавната берза беше проценет дека вреди околу 800 милиони долари. Со денешната инфлација, тој би вредел околу 1,9 милијарди долари, што е над четири пати помалку од 9-те миијарди долари колку што сега вреди Twitter.
„Претприемачите во Силициумската долина велат дека високите цени не се знак за уште еден технолошки балон [колапс на ИТ пазарот како во 2000-та]. Високите цени се разумни бидејќи иновациите како паметните телефони и облакот ја променуваат технолошката индустрија која веќе вреди илјадници милијарди долари.“, пишува весникот.
Еве неколку стартапи за кои New York Times вели вредат над милијарда долари, пред се поради потенцијалот, но и големите пари вложени во нив:
- Palantir Technologies, 2,5 милијарди долари, прави анализа на податоци и ги визуелизира и предвидува резултати. Kомпанијата е основана во 2004-та година од претходни вработени во PayPal и научници од Standford.
- Square на ко-основачот на Twitter, Џек Дорси, вреди 3 милијарди долари бидејќи најде начин како да го поедностави плаќањето преку мобилен. Основан во 2010-та година.
- Шведскиот Spotify, вреди околу 3 милијарди долари, стана неверојатно популарен бидејќи започна да стрима музика бесплатно и со претплата преку разни уреди. Основан во 2006-та година, има 20 милиони корисници од кои 2,5 милиони плаќаат претплата.
- Airbnb, вреди 2,5 милијарди долари, е сервис преку кој можете да најдете краткорочни сместување кај приватни луѓе, хостели и хотели ширум светот. Корисниците добиваат евтин смештај, додека другите заработуваа некој денар од направената услуга. Основан е во 2008-ма, а во последните пет месеци забележа 10 милиони букирања.
- Gilt Groupe, вреди 1 милијарда долари, е онлајн продавница која продава дизајнерски производи како гардероба, домашни додатоци, водичи низ градови и други продукти наменети за побогатите. Основан е во 2007-ма година.
- Evernote, oснован во 2008-ма година, сега вреди 2 милијарди долари. Стартапот е апликација која нуди лесно архивирање и фаќање на мултимедијални белешки од било какви веб сајтови. Има над 40 милиони корисници, од кои скоро 2 милиони плаќаат за услугата.
- Веб складиштето Dropbox вреди околу 4 милијарди долари. Стартапот постојано наоѓа нови начини како да го олесни складирањето на фајловите на облакот, синхронизација на фотографии преку паметни телефони и десктоп компјутери и наскоро ќе понуди складирање на музика. Основан е во 2007-ма година до дипломирани инжинери од МIT. Има 50 милиони корисници.
- Pinterest е друштвена мрежа преку која се споделуваат линкови од интересни фотографии и продукти. Стартувана е пред само две години и вреди над една милијарда долари.
- SurveyMonkey е сервис кој овозможува лесно да се креираат онлајн анкети. Стартуван е во 1999-та година, има 12 милиони регистрирани корисници и вреди милијарда долари.
- Violin Memory дизајнира и произведува флеш меморија за други компании. Oснована е во 2005-та година и вреди над 2 милијарди долари.
- … повеќе за овие неверојатни стартапи ќе прочитате на New York Times.