Контроверзната Super Bowl реклама на GoDaddy му донесе рекордна продажба на домени

0 коментари 1 мин. читање

Контроверзна, несоодветната, откачена, можеби и сексистичка реклама… како и да ја наречете Super Bowl рекламaта на GoDaddy во која супермоделот Бар Рафаели бакнува гик, сепак ја оствари својата цел – го привлече вниманието на гледачите и донесе рекордни продажби на хостинг услуги и домени.

Во понеделникот, денот по големиот американски натпревар каде рекламите се исто толку важни како случувањата на терен, GoDaddy го имаше најуспешниот ден во историјата. Според Mashable, тој ден имало 45 отсто повеќе продажби на хостинг услуги, продажбата на домени се зголемила за 40 отсто, имало 35 отсто повеќе нови мобилни корисници и компанијата додала 10.000 нови клиенти.

„Несоодветна? Кога го чув тој збор веднаш знаев дека ќе имаме рекордна Super Bowl кампања. И да знаете, мислам дека нашите две реклами беа најсмешни на натпреварот.“, вели основачот на GoDaddy, Боб Парсос.

GoDaddy имаше две реклами на Super Bowl, но секако дека поинтресната реклама е Perfect Match со Бар Рафаели. Рекламата привлече над 8 милиони прегледи на YouTube.

[youtube]o-3j4-4N3Ng[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top