Сервисот Sifu на новосадскиот стартап dryTools, првиот стартап во кој фондот South Central Ventures инвестираше 300.000 евра, наскоро ќе биде отворен за тест за сите заинтересираните корисници.
Sifu е наменет за сите кои развиваат мобилни и веб апликации, тој генерира основен код што им помага на девелоперите да работат единствено на креативниот дел од производот. Првите компании кои го тестираа Sifu велат дека забележале четирикратно забрзување во развојот на производот, а дури 80 отсто од кодот доаѓа од алатката, велат од dryTools.
„Пречесто се наоѓав во ситуација во која за да тестирам некоја идеја морав да потрошам голем дел од времето пишувајќи репетитивен, инфраструктурен код, наместо да работам на важните работи, дефинирање на бизнис и логика зад самиот производ. Едноставно една вечер не можев повеќе. Премногу време поминував залудно, часови и часови загубено време ме мотивираа да започнам со развој на алатка која ќе ми овозможи да работам на она што е важно – развој на логиката на производот и креативна работа. Сите сакаме да престанеме со пишување на здодевен код, сакавме полесно да им го пренесам знаењето на помладите колеги, побрзо да развиваме квалитетни апликации. Затоа сме на овој пат“, вели Никола Милинковиќ, ко-основач на dryTools.

Тимот на dryTools
Алфа фазата е неопходна за компанијата да дојде до податоци и сугестии од корисниците кои ќе го користат производот и во иднина. На производот има уште работа и има уште работи ки треба да се финализираат. Токму затоа dryTools има потреба од заедницата.
„Нашите краткорочни планови за развој на производот се однесуваат на вклучување на развој на понатамошна поддршка за повеќе програмски јазици, понатамошна работа на производот, така што ќе може лесно да се прават микро-сервиси, но и финално полирање на производот. Знаеме дека нема да можеме да направиме производ кој ќе го размрда пазарот без поддршка од заедницата. Затоа ги молиме сите програмери да го тестираат алатот и да ни го дадат својот најбрутален фидбек. За неколку месеци тимот оди на TechChrunch Disrupt и таму планираме да добиеме фидбек од техничкиот и бизнис светот“, вели Филип Комненовиќ од тимот на Sifu.
Заинтересираните можат да се пријават за алфа фазата на alpha.codesifu.com. Финалниот производот нема да биде бесплатен со исклучок за софтверот со отворен код, овие проекти ќе останат бесплатни како знак на благодарност до заедницата од dryTools.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA