AMD се подготвува за трка со најмоќните графички картички на Nvidia. Radeon Vega Frontier Edition е „high-end“ графичка картичка која треба да го загрози приматот на GTX 1080, GTX 1080 Ti и Titan Xp. Компанијата ја најави новата серија на својот веб-сајт.

Image: Radeon
За разлика од најголем дел од графичките картички кои излегуваат денес и се подготвени за виртуелната реалност, Frontier е подготвен за вештачката интелигенција. Графичката картичка доаѓа со: 64 пресметковни единици; теоретски 12.5 терафлопи при FP32 и 25 терафлопи при FP16; 16 GB и поддршка за резолуции до 8К.
Веќе е најавена верзија со водено ладење, оваа картичка ќе доаѓа со подобри перформанси, но и поголемо загревање, па дополнителното ладење е неопходност.
Новата Vega серија на графички картички од AMD е наменета за вештачка интелигенција, виртуелна реалност, фотореалистично рендерирање, истражувања и гејминг. Засега нема најава за цената на графичките, но се очекува да бидат достапни од средината на следниот месец.
Неодамна и Nvidia имаше прва презентација на Tesla V100, првата графичка картичка со Volta-архитектура. Графичката доаѓа со 5.120 CUDA јадра, и потенцијал за 7.5 терафлопи при FP64, 15 терафлопи при FP32 и 120 терафлопи при Tensor пресметки. Како и Vega Frontier доаѓа со 16 GB HBM2 меморија.







